Од четврток нов пресврт на времето - еве што следува оваа недела
Во Скопје Петровец утрово се измерени минимални минус два степена, а максимални шест степени е во Дојран.
Според УХМР, минус еден е во Берово и Тетово, нула во Виница, Крива Паланка, Ѓуриште, Крушево, Маврово, Демир Капија, Лазарополе, Куманово, Скопје, Штип, Битола и Струмица, еден во Гевгелија, два во Пожаране и Прилеп, три во Претор и Тополчани, како и четири степени во Дебар и Охрид.
Висината на снежната покривка е еден сантиметар во Лазарополе и Маврово, а количината врнежи изминатите 24 часа е четири литри на метар квадратен во Дебар и Маврово, два во Крушево, Крива Паланка, Охрид, Претор, Пожаране и Прилеп, како и еден литар во Виница, Дојран, Лазарополе, Тетово, Битола и Штип.
Преку ноќта и изутринава времето беше умерено до значително облачно со локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Дуваше умерен ветер од јужен правец, кој во Битола достигнуваше брзина до 60 километри на час.
Во текот на денот ќе биде променливо облачно, во раните претпладневни часови, како и кон крајот на денот ќе има повремени врнежи од дожд. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен југозападен ветер, чиј правец кон крајот на денот ќе се промени во северен. Максималната температура ќе се движи од седум до 13 степени.
Во Скопје променливо облачно, претпладне со слаба магла, а кон крајот на денот со услови за повремен слаб дожд. Ќе дува умерен југозападен ветер, кој попладне ќе го промени правецот во северен. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.
Утре се очекува преодно стабилизирање на времето со умерен ветер од северозападен правец кој ќе предизвика опаѓање на дневната температура. Во четврток ќе има нов влажен и постуден бран со локални врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Врнежите ќе бидат позастапени во југозападните делови. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, поради што дневните температури дополнително ќе опаднат. Потоа следува период на стабилно и суво време со ниски утрински температури, а дневните повторно ќе бидат во пораст.
Ново на Сител
-

Орбан: Унгарија нема да стане украинска колонија, Зеленски не командува тука
-

18-годишник од тетовско најпрво истепал соселанец, а потоа го удрил со автомобил
-

ПМФЛ: Вардар со гол во судиското надополнување ја совлада Брера
-

Сиљановска-Давкова: Можеме и мораме да направиме се што е во наша моќ ваквите трагедии никогаш повеќе да не ни се повторат
-

18-годишен мотоциклист загина во сообраќајна несреќа во Чаир
-

Работник починал по пад од висина во Скопје
-

Македонските институции и македонскиот здравствен систем соодветно се справи со трагедијата во Кочани
-

Томовски: По трагедијата во Кочани, како институции имавме должност да реагираме брзо, одговорно и солидарно
