Од бадниковата погача тиквешани кршат и за лозјата
Од бадниковата погача тиквешани кршат и за лозјата, потсети денеска Томе Крстевски, кустос етнолог при Музеј – галерија Кавадарци.
-Со кршењето на лебот со паричката на неколку дела, како на Господ бог, на куќата, на семејството, на лозјето и на членовите на семејството, се верува во бериќет, плодност кај стоката, среќа во фамилијата, богат род во лозјето, а најмногу среќа се смета дека носи она парче во кое ќе се падне паричката, појасни тој за МИА.
Крстевски рече дека Божиќните празници и обичаи како дел од духовната култура на населението, се празници на радоста и надежта.
-„Бадникова вечер” е празник што кај православните христијани се слави во секоја куќа и домаќинство. Ден кога сите треба да се „прибериме дома”, кај и да си, дома да си на овој светол ден. Во подготовката на вечерата обредните лебови се од големо значење, бидејќи се сметало дека голтањето храна, покрај одржувањето на физичката состојба, може да постигне и метаформоза. Да се премине во сферата на сакралното, да се постигне изменета состојба на свест, болест, лекување итн, а според старите верувања, може да дојде и до оплодување, вели Крстевски.
Посната вечера, нејзиното поставување и обичаите во текот на вечерата, придонесуваат за духовно задоволство кај народот, нагласи тој.
Крстевски додаде дека секој елемент од вечерата има своја симболика. Виното, оревите, тиквата, смоквата, лукот и слично. Бадниковата вечер е збогатена и со гранчиња даб кои се симбол на истрајност, а свеќата е симбол на светлината кон големиот ден што доаѓа.
Ново на Сител
-
Синдикалната кошница во август 65.500 денари, најмногу поскапела храната
-
Влада: ДУИ кога е на власт работи на еден начин, а во опозиција бара нешто друго за она што го направиле во минатото
-
Само 1.916 пријавени службени возила од 6.500 - институциите не ги пријавиле сите во рокот
-
Русија ги намали очекувањата за скорешна средба Путин - Зеленски
-
Прв уписен рок на УГД – Штип за академската 2025/2026
-
Вечерва се спушта завесата на Охридско елто
-
Преглед на вестите од светот
-
Се уште активен пожарот на Јасен