Од 25 мај НАТО ќе се префрли во новото седиште во Брисел
НАТО од 25 мај ќе има ново седиште, во непосредна близина на сегашното во Брисел, а вредноста на проектот се проценува на една милијарда долари.
Тоа денеска на заедничка прес конференција го потврдија шефот на НАТО, Јенс Столетенберг, и Шарл Мишел, белгискиот премиер, државата која е домаќин на Алијансата.
Новиот комплекс се наоѓа во близна на сегашниот, и зазема површина од 41 хектар.
Полукружното стаклено здание со канцеларии ќе зазема 245.000 квадратни метри и во нив ќе бдат разместени претставниците на 28 мисии, (по приемот на Црна Гора и 29), како и мисиите на 19 земји-партнери.
Во комплексот ќе работат 4.000 лица, пренесува Танјуг.
Одлуката за изградба на новото седишта на Алијансата беше донесена во 1999 година, а градежните работи почнаа во 2010 година.
Ново на Сител
-
Христовски од АНБ: Незаконско следење имало, на ред е Обвинителството
-
Кој следел новинари и политичари?
-
Мицкоски чека да го види документот
-
Тема на денот со Виктор Јакимов, претседател на Сојуз на средношколци
-
ФФМ со рекордна донација за младите
-
Почна новата учебна година - 245 илјади ученици седнаа во училишните клупи
-
АНБ скандал: Обвинителството без конкретни детали
-
Филипче ќе ги нацрта „црвените линии“ до крајот на неделава