Од 200 возачи од целиот свет, ќе биде и Македонецот Ристо Вуков: Рико ќе вози на трката „24 часа Адрија“ во Италија
Одличен настап имаше македонскиот возач Ристо Вуков на првото тестирање на возила со „TCR“ спецификација, во областа Венето во Италија. По одличните резултати остварени на тестирањето на патеката „Адриа“, македонскиот возач Ристо Вуков повторно ќе се врати во Италија. Токму благодарение на тие резултати, Вуков доби покана да биде дел од „ Ibiza trophy 24 endurance“, настан кој е закажан на 25 и 26 ноември.
„Решив да ја прифатам поканата за трката „ Ibiza trophy 24 endurance“, бидејќи тоа е шанса да стекнам уште поголемо искуство. Ќе биде нешто поразлично. Се вози во текот на 24 часа. Ќе има околу 280 возачи и 35 автомобили. Тимот во кој сум јас е составен од осум возачи. Ќе бидам заедно со мојот колега од Србија, Јован Лазаревиќ. Патеката не е многу долга, па секој ќе има шанса да извози минимум 150 кругови“, објаснува Вуков за спорт медиа.
Според распоредот на организаторот, на 24 ноември (петок) ќе има слободни тренинзи. Сите осуммина возачи од тимот на Вуков ќе возат, а најдобриот од нив, ќе добие шанса да се појави на квалификациите, кои се закажани за во сабота. На 25 ноември, во 13 часот е закажан стартот на трката, а ќе се вози до 13 часот следниот ден, што значи дека крајот на трката ќе биде во недела на 26 ноември.
Во продолжение го гледате видеото од тестирањето на возилата со „TCR“ спецификација во Венето, Италија.
Ново на Сител
-
1425 сообраќајни прекршоци изминатите два дена на територија на цела држава, 333 за брзо возење
-
Ужас во Охрид: 50-годишник повеќе пати силувал девојче кое не наполнило 15 години, девојчето се породило во март
-
Незапаметен случај на лихварство во Охрид: Маж (35) и жена (39) изнудиле 1.160.000 евра
-
Српски воен падобранец загина по скок со падобран
-
Мајкл О’Флаерти: Северна Македонија да продолжи со посветеност на правата на Ромите
-
РСБСП апелира за безбедно и одговорно учество во сообраќајот за време на првомајските празници
-
Почина Николче Здравески, легендата на прилепскиот фудбал
-
Трамп одбележа 100 дена на власт со голем митинг полн со критики кон другите и пофалби за себе