Од 15 ноември задолжителна зимска опрема за возилата
Од 15 ноември стапува на сила задолжителната обврска за носење зимска опрема, потсети денеска на прес-конференција Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата РСБСП.
Оттаму препорачуваат возачите да ги подготват возилата за безбедно движење во зимски услови и посочуваат на обврската за носење на зимска опрема во возилата за која доколку не се почитува се предвидуваат казни од 45 евра во денарска противредност, односно на возачот ќе му се регистрираат 25 негативни бодови.
Под зимска опрема за моторни возила со најголема дозволена маса која не надминува 3.500 кг, се подразбира зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарите на слојот што гази, по обем и широчина од четири милиметри, пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази, по обем и широчина, со минимум од четири милиметри и синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.
Зимска опрема за моторни возила со погон на четири тркала (4 х 4), подразбира зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарите на слојот што гази, по обем и широчина од шест милиметри, пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази, по обем и широчина од најмалку четири милиметри. Синџири за снег потребно е да поседува секое возило со пневматици со летен профил, и притоа, во случај кога возилото е во постојан погон, синџири за снег треба да има најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да има најмалку на постојано вклучената осовина.
Зимска опрема за моторни возила со најголема дозволена маса која надминува 3.500 кг, подразбира зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочина на шарите на слојот што гази, по обем и широчина од шест милиметри, пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази, по обем и широчина, со минимум од четири милиметри и синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала, автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала, треба да имаат зимски пневматици на погонските тркала, и прирачен алат, лопата.
Од РСБСП појаснуваат дека зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака, „МС“, „М+С“, „М&S“ и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.
Информираат дека полициски службеник може да му нареди на возач да го прекине натамошното движење на возилото, ако не постапи според сообраќајниот знак за задолжително носење и употреба на зимска опрема. Исто така, полициски службеник може да нареди на возач да го прекине натамошното движење и тогаш кога не постои сообраќаен знак за задолжително носење на зимска опрема, ако зимските услови на патот не овозможуваат непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, односно полицискиот службеник може да му нареди на возач задолжително да ја постави на возилото зимската опрема.
Од РСБСП апелираат до возачите да ја носат и користат зимската опрема за своите возила, за како што велат безбедно управување со своето возило и безбедно и непречено пристигнување на саканата дестинација.
Ново на Сител
-
Илиоски со златен медал на Европското кикбокс првенство во Атина
-
Кремљ: Путин е подготвен да разговара за Украина со Трамп, но не ги менува своите барања
-
Народна банка: Се очекува забавување на инфлацијата и во следните години
-
Презентирани вредните наоди откриени на археолошкиот локалитет Расница во Охридско-струшкиот регион
-
„Фолксваген“ повлече над 114.000 возила во САД
-
Силен земјотрес регистриран во Чиле
-
Министерство за енергетика: Распределбата на ваучери се одвива според предвидената динамика
-
Американците гуглаат како да заминат од земјата по победата на Трамп