Од 1 март граѓаните ќе можат да ги плаќаат сметките во пошта
Генералниот директор на А.Д. Пошта, Јани Макрадули очекува од 1 март следната година да бидат отворени шалтерите на Халк банка и граѓаните да можат да ги плаќаат сметките во пошта.
– Договорот е во финална фаза. По одобрувањето на Владата, има детали коишто ги договараме. Обврска на банката е за да започне со работа најдоцна за два месеца. Јас верувам дека на 1 март следната година граѓаните ќе можат да плаќаат сметки. Замолувам за трпение. Нашата провизија е најмала. Ние како универзален оператор имаме обврска да одржуваме 330 точки низ државата. Има места во кои не можете да платите на друго место освен во пошта. На банките не им се исплати да имаат филијали во руралните средини, истакна Макрадули.
Тој информира дека со дел од банките имаат договор поштарите да ги носат пензиите и апелира до банките да го сторат тоа. Макрадули очекува поштарите повторно да ги носат пензиите, како што беше пред пропаѓањето на Еуростандард банка АД Скопје.
Владата на Република Македонија во својство на Собрание на акционери на Акционерското друштво за поштенски сообраќај „Пошта на Македонија“ во државна сопственост – Скопје, ја прифати како најповолна понудата на Халкбанк АД Скопје согласно двата усвоени критериуми за евалуација на понудата, и тоа во однос на рокот за почеток на имплементација на договорот од 2 месеци, како и во однос на процент на поделба на остварениот заеднички приход во висина од 71 отсто за „Пошта на Македонија“ со 29 отсто за Халкбанк АД Скопје.
Ново на Сител
-
Вечерва заседава извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ
-
Вечерва заседава извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-
Возачот кој ја прегази Фросина осуден на 12 години затвор
-
Таравари си замина – ВРЕДИ очекува прелет на пратеници
-
Кој ќе биде министер за здравство по заминувањето на Таравари?
-
Фрчковски осомничен за злоупотреба на државни пари, тој вели – срамен притисок врз критичарите на власта
-
СДСМ: Целосен дебакл на надворешната политика - Владата не знае каде тера