Од 1 јули во Швајцарија ќе може да се склучуваат истополови бракови
Истополовите бракови во Швајцарија ќе може да се склучуваат од 1 јули следната година, соопшти денеска владата на таа земја.
Одлуката беше донесена откако на референдумот, одржан на 26 септември, со големо мнозинство се изгласа истополовите бракови да бидат законски еднакви на хетеросексуалните бракови, вклучително и правото на посвојување деца.
Најавено е дека од тој датум, Швајцарија ќе ги признае истополовите бракови склучени во други земји, кои досега ги третираше како граѓански партнерства.
Владата најави дека од 1 јули повеќе нема да може да се склучуваат граѓански партнерства, а на паровите кои веќе се во такви заедници, кои државата ги легализираше во 2007 година, им е дозволено да останат во нив без обврска за брак.
Стапувањето на сила на референдумските одлуки е одложено поради административни и законски процедури.
Швајцарија е една од ретките земји во Западна Европа каде истополовите бракови сè уште не се легализирани.
Ново на Сител
-
Мицкоски на Конгрес на Европската народна партија во Валенсија
-
Администрацијата на Трамп ги ублажува царините за автомобилски делови
-
Интерпелацијата на министерот Тошковски денеска пред пратениците
-
Масовниот прекин на струја на Пиринејскиот Полуостров предизвикан од дефект во меѓусекторската врска меѓу Франција и Шпанија
-
Тројца повредени во пожарот во Кочани отпуштени од болницата во Варна
-
Експертите очекуваат оставка од претседателката на Антикорупциска, од ДКСК тврдат дека индивидуалната одговорност не ја поткопува нивната работа
-
Истрага против дилер на марихуана од Радовиш
-
Генерален штрајк во Белгија