Од 1 јули ќе се укинат тарифите за роаминг за граѓаните на шесте земји од Западен Балкан

Инспирирани од Европската Унија, воспоставивме и создадовме средина каде што сите граѓани на земјите од Западен Балкан ќе можат безбедно да ги користат своите мобилни телефони за да остваруваат повици, да испраќаат пораки или да сурфаат на интернет низ сите земји во Западен Балкан без дополнителни трошоци од 1 јули.
Ова го порача министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири во говорот на состанокот на министрите од шесте земји од Западен Балкан, одговорни за дигиталната трансформација и политиките за информациски и комуникациски технологии што се одржа во Подгорица, во организација на Советот за регионална соработка (RCC), „Heading towards Roaming Free Western Balkans“.
Нагласи дека ова е само почеток и додаде дека важноста на овој договор е исклучително голема и е предуслов да се започне процесот за намалување на трошоците за роаминг и помеѓу шесте земји од Западен Балкан и земјите од Европската Унија.
-Меморандумите за 5G, интероперабилност и доверливите услуги, потпишани минатата година во Тирана, ја отворија вратата за изградба на заеднички технички јазик. Ова ќе им овозможи на ИКТ системите ефикасно да комуницираат во регионот, и во иднина исто така со земјите од Европската Унија. Тоа е мал, но важен чекор на патот кон градење дигитално општество засновано на доверба, рече Шаќири.
Најави и продлабочување на соработката меѓу овие земји, инвестиции во мрежа и инфраструктура, така што, посочи, квалитетот и брзината на комуникацијата ќе се зголемуваат уште повеќе.
-Мора да ја искористиме оваа можност и да го забрзаме напредокот кон поврзување на регионот. Ние мора да ги здружиме нашите напори и да работиме преку границите и преку секторите за заедничко зголемување на квалитетот на животот и забрзување на економското закрепнување на регионот, потенцира Шаќири.
Ново на Сител
-

Турчин во Скопје со возило удрил во контејнер, па во друго возило, и пробал да избега од полицијата
-

Лавров: Русија и САД го продолжуваат билатералниот дијалог, но не со посакуваното темпо
-

38-годишник од Скопје со возило удрил во полицаец и го повредил
-

За два дена, во Скопје приведени 10 лица кои поседувале дрога, најмладиот има 14 години
-

Јаневска: Учебниците се решен проблем, има систем и следната година нема да „прогледуваме низ прсти“
-

Кривична за лице од дебарско, вршел такси превоз без лиценца
-

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами
-

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица
