„Очи за еднаквост” - конференција за лицата со посебни потреби

Наоди од истражувањата и анализите за потребите за промени за лицата со посебни потреби во областите на социјална заштита, образование, здравствена заштита, вработување и квалитет на живот, ќе бидат презентирани денеска на Конференцијата „Очи за еднаквост“ во организација на Хелсиншкиот комитет, посветена на лицата со попреченост.
Воведно обраќање ќе имаат министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, британскиот амабасадор во Македонија, Чарлс Герет и извршната директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права Уранија Пировска, а ќе учествуваат и претставници од министерствата надлежни за областите за кои биле спроведени истражувањата.
Конференцијата е дел од проектот „Поддршка од граѓанското општество кон политиките за социјална кохезија и различностите” поддржан од Британската амбасада во Македонија.
Попладне ќе се одржи и Маршот на толеранцијa „Гледај со срцето, прифати ја различноста“ кој започнува во 15 часот од Музеј на Град Скопје. Оттаму, учесниците ќе се движат по улица Македонија, а маршот, кој е поддржан од 25 граѓански организации, ќе заврши со обраќања од учесниците во парк „Жена борец” спроти Собранието на РМ.
Ново на Сител
-

Мицкоски демантира дека Рамиз Мерко влегува во Владата
-

До среда СДСМ ќе донесе одлука кои општини ќе ги поддржи во вториот круг
-

Јовановски најави проект за обновување на шумскиот појас
-

Трајановски најавува реорганизација и зајакнување на комуналните и на инспекциските служби
-

Лабудовиќ: Пензионерите се чувари на традицијата на Центар - ќе ги поддржиме со почит, грижа и достоинство
-

Мицкоски најавува можност Клиничкиот центар да се гради во општина Карпош
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Горан Минчев, министер за јавна администрација (ЗНАМ)
