Балкан
20. February 2017 - 11:07

Очекувам да добие доживотна робија: Мајката на тригодишното силувано девојче не простува

Судењето на Владица Рајковиќ (28) од зајечарското село Вратарница, кој го призна убиството и силувањето на тригодишната Ангелина Стефановиќ, почнува денеска во Вишиот суд во Зајечар. На судењето кое е затворено за јавност ќе присуствува и мајката на несреќното девојче Данијела Стефановиќ.

-Ќе одам со братот и со адвокатка од Белград која ја ангажирав. Очекувам да добие доживотен затвор, се помалку од тоа би било голем срам. Не знам како ќе реагирам кога ќе го видам владица....Тој веројатно ќе биде под стража? Да е сам сигурно би го удирала со столица. Секако дека не му го простив злосторството. Никога нема да му простам, вели Данијела.

Да потсетиме, Владица Ангелина ја грабнал на роденденската забава на детето на неговиот брат. Тој тогаш играл со децата, им правел балони, се шегувал со нив и ги фотографирал. Во еден момент ја фатил Ангелина за рака и ја однел од роденденот.

- Ја одвел во блиската шума. И ја скинал облеката. Ја силувал. Потоа зел камен и ја удирал со сета сила. Ја удирал со боксови. Детето го оставил крваво, со скршени коски, искината кожа по стаомачето, рацете и лицето. Пронајдена е на околу 600 метри понатаму, фрлена во канал, како вреќа ѓубре. Лицето и било непрепознатиливо, телото унаказено - стои во полицискиот извештај.

Монструмот набрзо е фатен, а на сослушувањето најпрвин молчел како да не ги слуша прашањата. Потоа ги шокирал инспекторите со зборовите: „Ангелина ме сакаше. Јас ја убив“, раскажал во полиција и додал дека многу испил во таа прилика.