Обвинителството во Софија ќе ја истражува авионската несреќа кај Солунска глава
Обвинителството во Софија отвори предистражна постапка за уривањето на авионот „цесна“ кај Солунска глава на 2 април кога загина четиричлено семејство од Бугарија.
Софиското обвинителство соопшти дека ќе бидат сослушани вработени во дирекцијата за конзуларни односи во бугарското МНР кои се запознаени со случајот, како и претставници на надлежните за цивилниот воздушен сообраќај во Северна Македонија, во врска со информациите за силна турбуленција и за изгубена контрола на пилотот врз воздухопловот, пренесува Бгнес.
Обвинителството ќе побара информации за спроведените експертизи во Северна Македонија, а се разгледува и можноста за дополнително утврдување на евентуален дефект на авионот.
Истрага за авионската несреќа почнаа и надлежните во Северна Македонија. Формирана е комисија за истражување на несреќата во која покрај претставници на Комитетот за истраги на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти – КИНСИВ, ќе бидат ангажирани и надворешни експерти од доменот на цивилното воздухопловството. Во координација со властите во Софија, договорено е дел од комисијата да бидат и двајца бугарски истражители
Ново на Сител
-
Шанса за нов живот за прилепскиот уметник Златко Крстески по објавената социјална сторија на Сител
-
ЈКП „Водовод“ – Кочани се „дави“ во долгови, а нема ниту директор
-
Преглед на вестите од светот
-
Христијани го празнуваат Велики петок, денот на Христовото распнување
-
Охрид подготвен за туристите за Велигден
-
Преглед на вестите од светот
-
Културните работници ќе останат без плата за Велигден
-
Teма на денот со Јорданчо Ефтимов