Обвинителството покрена истрага за убиството на двегодишното дете од Кичево
Основното јавно обвинителство од Кичево покрена истрага за убиството на двегодишното дете од Кичево, кое почина од здобиените повреди, откако, според првичните сознанија било претепано од неговиот татко. За осомничениот татко се бара мерка притвор.
- Осомничениот 29-годишник, на 18 декември, при вршење семејно насилство, ја лишил од живот сопствената ќерка родена 2022 година. Тој и нанел повеќе удари со раце и нозе, предизвикувајќи и тешки телесни повреди – скршена коска на черепот, крварење во мозокот и скршеници на две ребра. Од здобиените повреди детето починало на 8 јануари, во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, информираат од Јавното обвинителство.
Во врска со случајот, од Министерството за здравство информираа дека на 19 декември во Ургентниот центар во Општата болница во Кичево е примена двегодишна пациентка во коматозна состојба, која во болницата била донесена од нејзината мајка. Поради критичната состојба, малата пациентка е препратена на Ургентниот хируршки центар во Клиничкиот комплекс „Мајка Тереза“, а потоа е префрлена на Универзитетската Клиника за неврохиругија, во Скопје.
- И покрај сите заложби на лекарите, за жал двегодишната пациентка подлегна на тешките телесни повреди на 08.01.2024 година. Здравствените институции каде беше примена и третирана пациентката, целосната документација за хоспитализацијата и третманот, ја предадоа на надлежните истражни органи, стои во информацијата од Министерството за здравство.
Од Министерството за внатрешни работи денеска информираа дека таткото со иницијали Ф.Д. е приведен вчера.
Ново на Сител
-
Леброн Џејмс денеска полни 40 години
-
Потврдена пресуда против Трамп за сексуално злоставување
-
Агелер за Груби: Важно е луѓето да бидат повикани на одговорност за нивните дела, се надевам дека тој е еден од нив
-
ОЈО ГОКК донесе наредба за распишување потерница и предложи притвор за Васко Ковачевски
-
Судскиот совет на РСМ ќе избира нов претседател на 3 јануари
-
19-годишен возач прегази малолетен пешак во тетовско
-
Таткото и мајката на детето кое изврши убиства во ОУ „Владислав Рибникар“ осудени на 14,5 и на три години затвор
-
Пад на индустриското производство