Обвинителството поднесе жалба барајќи ефективен притвор за поранешните директори на Онкологија
Основното јавно обвинителство Скопје вложи жалба на решението со кое Основниот кривичен суд Скопје определи мерка „куќен притвор“ за двајцата поранешни директори обвинети во предметот „Онкологија”. Од Обвинителството бараат ефективен притвор.
-Јавниот обвинител е незадоволен од одлуката и бара од Апелацискиот суд да ја преиначи во ефективен притвор, бидејќи цени дека со поблага мерка не може да се гарантира непречено водење на кривичната постапка. Имајќи предвид дека со двете поднесени обвиненија на обвинетите им се ставаат на товар повеќе тешки кривични дела за кои се запретени високи затворски казни, како и другите околности кои укажуваат на опасност од бегство, мерката куќен притвор не претставува доволно ефикасна заштита, велат од ОЈО Скопје.
Кривичниот совет при Основниот кривичен суд во Скопје вчера им определи мерка „куќен пртвор“ на двајцата поранешни директори на Онкологија, Нино Васев и на организациски директор Нехат Нухи.
-Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство Скопје, за определување мерки за обезбедување присуство против две лица, доставен до судот заедно со обвинителен акт за предметот во јавноста познат како „Онкологија“, по одржана седница во присуство на странките донесе решенија со кои против обвинетите Н.В. и Н.Н се определува мерка куќен притвор, а воедно останува во сила претходно определената мерка за претпазливост – одземање на патна исправа и забрана за издавање нова, заради постоење на околностите од чл. 165 ст. 1 т. 1 од ЗКП односно Опасност од бегство, информираа од Кривичниот суд.
Ново на Сител
-
Хотелите се полнат со семинари и свадби
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-
Кој ги заклучил вратите во „Пулс”? - СДСМ со обвинувања за селективност во истрагата
-
Арсовска добила нови закани, Мицкоски повика МВР и ОЈО да постапат по пријавите
-
ЛДП поднесува предлог-закон за една изборна единица и отворени листи
-
Филипче бара фокус на ЕУ агендата
-
ВМРО-ДПМНЕ за модуларните