Обвинителството го доби извештајот од вештачењето на телефонот на Јанева
Во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција стигнал извештајот од вештачењето на телефонот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева што и беше одземен во врска со истрагата за случајот „Рекет“, потврдија за МИА од Обвинителството.
Официјални детали од тоа што покажало вештачењето, како што велат од Обвинителството, не можат да соопштат во интерес на истрагата.
Вештачењето на телефонот на Јанева беше со цел да се види нејзината комуникација со осомничените во „Рекет“.
Шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција Вилма Русковска викендов во ТВ интервју рече дека имаат снимки од кои сè слуша и гледа дека додека осомничениот БојанЈовановски разговарал со сведокот бизнисмен, на спикерфон бил и јавен обвинител.
Катица Јанева даде оставка на функцијата минатиот понеделник, од кога не е достапна за јавноста. Јанева, како што информираа од СЈО, во вторникот отворила боледување.
Ново на Сител
-
Таравари го свика партиското раководство
-
Тема на денот со Крис Павловски
-
Таравари на излезна врата - Ќе го следат ли сите пратеници
-
Кошта во посета на Западен Балкан
-
Напредок има, но другите земји растат побрзо од нас - Корупцијата е најголем проблем!
-
Пресудата за пожарот во модуларната болница во петок
-
ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Филипче молчи за златната виза?
-
Протест на Независниот синдикат на полицијата