Обвинителство побара притвор за осомничениот за убиството во Тафталиџе

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против лицето осомничено за вчерашното убиство во Тафталиџе и побара мерка притвор.
Истражната постапка се спровдува поради сомнение за извршени кривични дела – убиство од чл.123 ст.1, убиство од чл.123 ст.1 во врска со чл. 19 (обид), како и недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од чл.396 ст.1 од Кривичниот законик.
На 20 декември, на улица „Московска“ во Скопје, осомничениот неовластено држел огнено оружје – пиштол марка „Чешка Зброевка“ модел VZOR 50 cal калибар 7.65. Со оружјето со умисла лишил од живот едно лице, а уште едно се обидел да лиши од живот.
Кога оштетените татко и син дошле пред дуќанот на осомничениот и почнале да тропаат на вратата, упатувајќи му закани да отклучи и да излезе надвор за да ги решат меѓусебните недоразбирања, тој без да отклучи го извадил пиштолот кој го држел без дозвола и го насочил кон нив.
Во тој момент тие се оддалечиле, па осомничениот ја отклучил вратата, мислејќи дека си заминале. Тогаш ги забележал како повторно се приближуваат, па пак влегол во дуќанот и го зел пиштолот и започнал да пука кон нив.
Еден од оштетените починал на лице место, додека другиот се здобил со тешки телесни повреди – огнострелни рани во пределот на десниот колк и абдоменот.
Надлежниот јавен обвинител процени дека во конкретниот случај се исполнети законските основи, па до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.
Ново на Сител
-

Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат, секој граѓанин си е здраворазумен и има одговорност за својот глас
-

ОВР Дебар лиши од слобода лица за семејно насилство и поседување дрога
-

Три лица возеле пребрзо и под дејство на алкохол - СВР Куманово со кривични пријави
-

Истражување: Околу 64 проценти од Италијанците користат вештачка интелигенција при готвење
-

„Радар“: Заменик-директорот на српската полиција замина во предвремена пензија
-

Лабудовиќ: Центар ќе биде автентичен, но обновен, зелен и енергетско ефикасен
-

Во Прилеп се зголемува семејното насилство, треба меѓуинституционална помош
-

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица
