Обвинителство бара притвор за осомничениот за напад врз лекари и полицајци во казино во Битола
Основното јавно обвинителство Битола предложи одредување мерка притвор за осомничениот за напад врз лекари и полицајци во казино во Битола на 29 јуни годинава.
Како што информираат од ЈОРСМ, на 29 јуни, во казино во Битола, осомничениот најпрво нападнал доктор од итната медицинска служба кој му давал лекарска помош.
- Го удрил со тупаница и му нанел телесна повреда. По укажувањето на медицинската помош, осомничениот бил пренесен во ЈЗУ Клиничка болница – Битола каде исто така давал активен отпор да биде третиран, па била повикана и полициска асистенција. Кога пристигнале двајцата полициски службеници, осомничениот 28-годишник и нив ги нападнал, ги удирал повеќе пати и им се заканувал, се вели во соопштението од ЈОРСМ.
Ценејќи дека се исполнети законските основи – опасност од бегство и можност за повторување на делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
Основното јавно обвинителство Битола, информира дека против лицето постои основано сомнение дека сторило дело „напад врз здравствен работник и здравствен соработник при вршење здравствена дејност“ предвидено во член 304-г од Законот за здравствена заштита, како и кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ согласно член 383 од Кривичниот законик.
Ново на Сител
-
Од денеска помалку метеж на „Табановце“, стартува системот One Stop за интегрирана гранична контрола
-
Претставување на невестата и зетот на годинашната Галичка свадба
-
Сончево и многу топло, температурата до 40 степени
-
Поради штрајкот на француските контролори на летање откажани повеќе од 1.500 летови
-
ФК Силекс со бесплатен превоз и карти за натпреварот со ФК Дечиќ
-
СПM: Се заострува негаторската политика кон македонскиот идентитет и јазик
-
Путин и Трамп разговараа за Украина и историските врски меѓу Русија и САД
-
Уапсен мотоциклистот кој избега откако усмрти скопјанец на кеј