-->
-->
Обвинителствата од Скопје и Велес го истражуваат случајот со малолетничката од „25 Мај“
-->

- Повикани се и се врши сослушување на повеќе лица кои можат да придонесат кон утврдување на фактите и за кривичната одговорност. Во врска со последните информации кои се однесуваат на поголем број штитеници од установата, Обвинителството достави писмено барање до Министерството за труд и социјална политика со цел прибирање на потребни податоци, се вели во соопштението од ОЈО Скопје.
Како што информираат од ОЈО Скопје, отворен е и предмет по поднесена кривична пријава од страна на родителите на девојчето, преку адвокат, против лица вработени во Јавната установа за згрижување деца со воспитно - социјални проблеми и нарушено поведение - Скопје, а за сторени кривични дела - „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „несовесно работење во службата“ од Кривичниот законик.
- Основното јавно обвинителство Велес, пак, постапува по предмет за кој веќе во јавноста беа објавени детали. По применото известување, обвинителството веднаш издаде Наредба за телесен преглед до Институтот за судска медицина. Во текот на вчерашниот ден до Обвинителството од страна на Министерството за внатрешни работи е пристигната кривична пријава против конкретен сторител. Постапката интензивно ќе продолжи со расветлување на настанот се до донесување на јавнообвинителска одлука, се вели во соопштението.
Од Обвинителството истакнуваат дека информациите кои можат да се споделат во моментов се само оние кои нема да ја повредат тајноста на постапката согласно член 289 од Законот за кривичната постапка и одредбите од Глава 16 од Законот за правда за децата, која се однесува на заштита на детето како оштетено или сведок во кривичната постапка.
Потенцираат и дека со големо внимание се следат случувањата поврзани со штитениците од воспитно-поправните установи и целосно се придржуваат во напорите за институционално решавање на проблемот во насока за идно превентивно делување и спречување на девијантните појави, особено оние во кои се децата како жртви.
- Јавното обвинителство од аспект на своите законски надлежности ги презема потребните дејствија сите инволвирани кои евентуално сториле кривично дело да бидат доведени пред лицето на правдата, се вели во соопштението од Основното јавно обвинителство во Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нема опасност за населението од излевањето на Маркова река, уверуваат локалните власти
-
Путин се сретна со Додик во Москва
-
Предлог-измените на Законот за субвенциониран студентски оброк поминаа на собраниската Комисија за финансирање и буџет
-
Додик: Ниту побарав, ниту добив руско државјанство
-
Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со учесниците на програмата „Конекција Оксфорд“
-
Отворена нова истрага против Марин Ле Пен - за закани кон судии
-
Заматена водата за пиење во Кавадарци
-
Предлог-измената за забрана на пиротехника во затворен простор помина на собраниската Комисија за одбрана и безбедност