-->
-->
Обвинителот Бурим Рустеми ќе сведочи за „Рекет”
-->
Во Кривичниот суд Скопје денеска треба да се одржи ново рочиште за случајот „Рекет” на кое треба да сведочи обвинителот Бурим Рустеми. Рустеми е трет обвинител од поранешното Специјално јавно обвинителство што се соочува со обвинетата Катица Јанева.
Досега како сведоци исказ дадоа заменичката на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, Елизабета Јосифовска, Лиле Стефанова, бизнисменот Орце Камчев, неговата сопруга Ана Камчева, сметководителката во приватните фирми на Камчеви, новинарот Христијан Баневски од телевизија 1ТВ и други.
Стефанова вчера сведочеше дека обвинетата Катица Јанева од нејзе барала да се даде позитивно мислење за одредување поблаги мерки за осомничените во предметот „Империја“. Стефанова рече дека осомничените во предметот „Империја”, скоро секогаш успевале да дознаат што СЈО презема против нив. Посочи дека со Јанева, имало негодување при нејзиното барање да се прифатат поблаги мерки за Јордан Камчев, Сашо Мијалков и другите притворени лица во случајот.
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во октомври годинава поднесе обвинение против Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милевски.
Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, а Јанева и Милевски за „примање награда за противзаконито влијание“. Второобвинетата Јанева се товари и дека сторила и кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
На првото рочиште за „Рекет“, третообвинетиот Зоран Милевски-Кичеец призна вина, по што беше осуден на три години затвор.
Судењето за „Рекет” пред Кривичниот суд го води судијката Васка Николовска-Масевска, додека обвинението го застапува обвинителката Вилма Рускоска
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Паднаа Фејсбук, Инстаграм,Месингер
-
Средба на министерот Тошковски со Симон Ридли, државен секретар за внатрешни работи на Обединетото Кралство
-
32-годишен скопјанец ги нападнал неговата мајка и баба
-
Тројца малолетници нападнале 60 годишник на автобуска во Гази Баба
-
ЕУ со нови санкции за Русија
-
Бунтовниците го укинаа полицискиот час во Дамаск
-
Царинска управа: Запленети накит, девизи, цигари, облека и автоделови
-
Костадиновски: Одлуката за подготвителна седница не е слабост, Судот ќе одлучува за иницијативите за Законот за јазиците најдоцна во мај