-->
-->
Обвинителот Бубевски поднесе кривична пријава против адвокатот Арслани
-->
Обвинителот на Специјалното јавно обвинителство, Гаврил Бубевски, денеска до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава за „загрозување на сигурноста“ против адвокатот Мефаиљ Арслани, кој го застапува обвинетиот Ејуп Алими во предметот „Титаник 3″.
Во пријавата е наведено дека на 10 ноември минатата година на паркингот пред трговскиот центар „Мавровка” адвокатот Мефаиљ Арслани, му се заканил на обвинителот на СЈО, Бубевски.
– На 10 ноември 2018 година на паркинг просторот пред трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје, пријавениот Мефаиљ Арслани кој е бранител на обвинетиот Ејуп Аљими во судскиот предмет кој се води пред Основен суд Скопје I Скопје под V К.бр.1905/17, ја загрозил сигурноста на оштетениот Гаврил Бубевски, службено лице – Јавен обвинител во Специјалното јавно обвинителство, кој во вршење на службата постапува како обвинител во наведениот предмет, со сериозна закана дека ќе нападне врз неговиот живот и тело и животите и телата на лицата од неговото семејство, на начин што во моментот додека сведокот Артене Исеини го управувала сопственото патничко моторно возило во кое совозач бил сведокот Фатиме Фетаи и се обидувале да пронајдат празно паркинг место пред ТЦ „Мавровка“ го здогледале пријавениот Мефаиљ, по што сведокот Артене Исеини го отворила прозорот од кај возачката страна за да го поздрават и само што сведоците му рекле „добар ден Мефо, што правиш, како си“, истиот, агресивно, на висок тон, со сериозност во гласот им се обратил со зборовите „абе, евее, не знаеме што да ѝ правиме на оваа пошто е наша“, покажувајќи со рака кон сведокот Фатиме Фетаи, „а на тој каурот матер ќе му расплачеме, фамилија ќе му ебеме“, закани кои биле насочени кон оштетениот – Гаврил Бубевски, како обвинител кој заедно со јавниот обвинител – сведокот Фатиме Фетаи постапува во предметот против обвинетиот Ејуп Аљими, чиј бранител во постапката е пријавениот Мефаиљ Арслани, се наведува во пријавата.
Со ова Арслани, како што стои во пријавата, ја загрозил сигурноста на оштетениот Гаврил Бубевски, имајќи ја предвид сериозноста на тонот, обликот на заканите и уверливоста која ја презентирал пријавениот во врска со реализацијата на заканите, што произлегува од изјавите на сведоците.
-Сепак во овој момент при поднесување на пријавата нема доволна аргументација дека со пријавениот Мефаил во извршување на делото учествувал и Ејуп Аљими, како поттикнувач или како директен извршител, во ситуација кога неговиот бранител би бил само пренесувач на заканите, меѓутоа доколку јавниот обвинител во постапката по прибавување на целокупниот доказен материјал оцени дека во вршењето на кривичното дело своја улога имал и Ејуп Аљими, се приклучувам кон кривичен прогон против истиот, наведува обвинителот Бубевски во пријавата.
Бубевски предлага да се прибават листинзи од телефонските оператотори од контактите на пријавениот со лица и листинзи за негова интернет комуникација.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Обвинители вршат надзор во обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција
-
Тошковски: Барањето за моја интерпелација е обид за манипулација
-
Инфраструктурното поврзување на туристичките локалитети руралните средини приоритет за развој на Југоисточниот регион
-
Преглед на вестите од свет
-
Мицкоски во Брисел
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вице премиер за евроинтеграции
-
Бишев: Или подоцна во пензија или повисоки даноци
-
Родители бојкотираат настава во основното училиште “11 октомври”