Балкан
2. May 2023 - 16:29

Обвинителите во Бугарија на протест по обидот за атентат на државниот обвинител

Обвинителите во повеќе бугарски градови излегоа на протест по вчерашниот обид за атентат врз нивниот шеф  Иван Гешев. Порачаа дека нападот врз главниот обвинител е напад врз целата фела и независноста на правосудниот систем. 

Министерот за внатрешни работи Демерџиев соопшти дека веќе има осомничени. Се истражува и дали имало протекување на информации за движењето на автомобилот на обвинителот. 

Досегашната истрага покажа дека зад обидот за атентат стојат професионалци. Освен три килограми ТНТ во бомбата имало и метални парчиња кои како шрапнели се распрснале по експлозијата. Експлозивната направа била рачно изработена и далечински управувана. Во истражните дејствија е вклучен и израелски експерт за антитероризам.

Инаку бугарските политичари се поделени во врска со обидот за атентат, од тоа дека се работи за исцениран случај до остра осуда на монструозниот чин, што е и ставот на Европската Комисја.