Обвинение за тешка кражба против двајца државјани на Албанија

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение за тешка кражба против двајца државјани на Албанија.
Обвинетите како соизвршители, на 24.09.2019 година, се наведува во соопштението од Обвинителството, од возило „Фолксваген пасат“ со гевгелиски регистарски ознаки, паркирано во гаражите на еден трговски центар во Скопје, одзеле машка торба со 684.200 денари.
-Тие го забележале оштетениот сопственик како излегува од возилото и со употреба на специјален уред – блокатор привремено го спречиле сигналот за заклучување на автомобилот. Оштетениот, верувајќи дека успешно го заклучил возилото, се оддалечил, а обвинетите ја отвориле вратата, влегле внатре и ја одзеле торбичката во која се наоѓале две пликоа со 11.000 евра, 100 американски долари и ситни пари – српски динари, хрватски куни и бугарски левови, клучеви и полнач за мобилен телефон. Откако ја извршиле кражбата тие го напуштиле местото на настанот, информираат од скопското обвинителство.
Воедно, поради опасност од бегство, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и посебен предлог, со кој побара на обвинетите да им биде продолжена претходно определената мерка притвор.
Ново на Сител
-

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2026
-

Судски совет: Недостиг на судии и заостанати предмети во судовите ширум земјава
-

Општина Аеродром ќе го исчисти просторот кај поранешен „Мекдоналд“ и ќе им прати фактура на сопствениците
-

Обвинителство: Одговорните за пожарот во „Пулс“ знаеле за ризиците, но избрале молк и профит, ќе докажеме дека никој не се обидел да ја спречи трагедијата
-

Најмалку 16 загинати и повеќе повредени во руски напад врз Тернопил, Украина
-

Во петок и во деновите од викендот се очекуваат пообилни врнежи од дожд
-

Извлечени две лица што со автомобил заглавиле во надојдената вода на Пчиња
-

Во сообраќајка на патот Валандово-Дојран загина мигрантка од Кина, седуммина се повредени
