Обвинение за скопјанец во чиј дом се пронајдени дрога и психотропни супстанции
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
– При претрес на 16 ноември 2020 година, во домот на обвинетиот 37-годишник на улица „Народен фронт“, биле пронајдени 943,59 грама марихуана, 4,55 грама кокаин, 292 таблети со активна компонента 3,4-метилен диоксиметамфетамин MDMA, како и една дигитална вага со остатоци од дрога, соопшти Основното јавно обвинителство.
Поради опасност од бегство и можност да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Иванка Василевска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ
-

Преглед на вестите од светот
-

Ветото е моќна алатка - Бугарските европратеници остро против новиот пристап за проширување на ЕУ
-

Мицкоски охрабрен од новите предлози на Кос
-

Не помина предлогот за минималец од 600 евра - Од 105 присутни пратеници само 13 гласаа „да“
-

Инфлација од 2,7% во септември, измери статистиката
-

И догодина ќе точиме скапо гориво?
-

Судот му одреди мерки за претпазливост на вишиот обвинител од Битола
