Обвинение за јавувачот за лажната бомба во „Сити мол“

Вработен во Агенција за обезбедување кој го обезбедувал ТЦ „Сити мол“ денеска заработи обвинение за лажно пријавување дека има бомба во трговскиот центар.
Како што соопштија од ЈОРМ, обвинетото лице се товари дека на 29 јануари во трговскиот центар „Сити мол“ каде бил вработен пријавил дека е извршено кривично дело – Предизвикување општа опасност за кое гонењето се презема по службена должност, иако знаел дека такво дело не е сторено.
-Обвинетиот 19-годишник бил вработен во трговскиот центар преку агенција задолжена за обезбедување на објектот. Од својот мобилен телефон тој пристапил на интернет страницата www.globefone.com и на неговиот претпоставен му испратил текстуална порака со содржина: „Напуштете го молот веднаш, има бомба“. Претпоставениот веднаш пријавил во полиција, по што била организирана и извршена евакуација на присутните лица во трговскиот центар. Во исто време била ангажирана и екипа од Одделот за антитероризам во МВР кои утврдиле дека во објектот нема поставено експлозивна направа, се наведува во соопштението на Обвинителството.
За лицето, информираат од ЈОРМ, определена е забрана за напуштање на живеалиште, обврска повремено да се јавува кај определно службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, како и забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело.
Ново на Сител
-

Хуманитарен настан посветен на Јорданчо Џамов и загинатите во „Пулс“ во Кочани на 15 јуни
-

Унгарската полиција уапси седум лица за перење пари, водачите на мрежата се во бегство
-

Платини поднесе кривична пријава против претседателот на ФИФА Инфантино
-

Мицкоски: Сакаме добри односи со сите соседи, но прво заштита на интересот на државата и на идентитетот
-

Апелација ја потврди пресудата со која се забранува најавениот штрајк на ССКЛ, соопштија од М-НАВ
-

Ново инклузивно мултифункционално спортско игралиште во Куманово – инвестиција во младите и заедницата
-

Тошковски: Со поддршка од EU4FAST ја зајакнуваме борбата против шверцувањето мигранти и трговијата со луѓе
-

Многу блиску сме до одлука сами да го градиме Чебрен и Галиште, тоа е стратешки проект за државата, вели Мицкоски
