-->
-->
Обука за е-ангажман во Куманово
-->

Стотина млади на возраст од 16 до 26 години денеска во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ следеа обука за е-ангажман, во организација на Младински сојуз со поддршка од фондацијата е-Македонија.
Целта е младите да ги подобрат јазичните, компјутерските и социјалните вештини и знаењето да го користат во средината каде живеат, работат или учат.
- Учесниците кои ќе се стекнат со одредени знаења потоа тие знаења ќе ги пренесат во својата општина, организација, училиште, изјави Марија Арсовска, програмски асистент на проектот.
Кристина Лефкова, тренер за социјални вештини вели дека луѓето зависно од возраста се соочуваат со различни проблеми на интернет, но целта е интернетот да го користат за конструктивни цели
Младински сојуз годинава ќе одржи еднодневни обуки за е-ангажман во 12 градови, а следниот викенд ќе го посетат Кратово.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

СДСМ го освежува раководството
-

Продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“
-

Safe City би можел да биде пролонгиран за еден месец – за еден ден регистрирани 110.000 прекршоци
-

Гаши очекува власта и опозицијата да се договорат за една анкетна комисија за Кочани
-

Средба Муцунски - Калас во Брисел
-

СДСМ поднесе пријава до ДКСК за тендерите од 9 милиони евра
