ОБСЕ: Во Гвантанамо има уште 59 затвореници
Директорот на Канцеларијата на ОБСЕ за Демократски институции и човекови права Михаел Георг Линк денеска ја повтори потребата за продолжување на процедурата за затворање на Гвантамо затворот без дополнително одложување.
Тој посочи дека во американскиот затвор на Куба во моментот има уште 59 затвореници.
- Неодреден притвор без обвинение или судење, недостиг на одговорност за злоупотреба, вклучително и мачење и други малтретирања во Гвантанамо се во директна спротивност со обврските на САД како членка на ОБСЕ. Затворањето без правда и заштита против злоставувањето немаат место во демократско општество заснована врз почитување на правото, човековите права и слобода, посочи Линк.
Американскиот затвор во Гвантанамо отворен е на 11 јануари 2002 година, а досега вкупно имало 780 затвореници, а голем број од нив беа држени без судење или обвинение.
- Се надевам дека новоизбраната администрација ќе ја препознае важноста од строго придржување до човековите права во борба против тероризмот, истакна Линк.
Ново на Сител
-
Втор ден комисиска расправа за буџетот - За власта развоен, за опозицијата погубен
-
Заврши рокот за докомплетирање на документации: Локална самоуправа ќе открие која Општина за што добила пари
-
Претходното раководство на Пошта од централниот објект сакало да направи кабаре
-
Протести во Ореовец
-
Почнаа дебатите за реформи на Судскиот совет, конечно решение се очекува до крајот на декември
-
Преглед на вестите од светот
-
Нов електронски систем за дозволи за оружје
-
СДСМ: Тошковски отпушта чесни полицајци