ОБСЕ нуди техничка помош за изработка на сатутот на ЗСО
Мисијата на ОБСЕ во Косово е подготвена да понуди техничка експертиза и помош при изработката на Нацрт-статутот на Заедницата на српски општини, но ја отфрла можноста да учествува во процесот на одлучување.
Мисијата на ОБСЕ во Косово чека да види каква улога ќе има при составувањето на Нацрт-статутот на ЗСО, наведе приштинскиот весник „Зери“.
Косовската Влада и кабинетот на претседателот на Косово не соопштиле до кој степен побарале од ОБСЕ да се вклучи во процесот на изработка на Статутот.
Косовскиот министер за надворешни работи Беџет Пацоли изјави за „Блиц“ дека косовската Влада работи на формирање Заедница на српски општини, но не може да предвиди дали тоа ќе може да се случи за три недели, односно до 20 април, рок кој го постави партијата Српска листа за формирање на ЗСО.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ достави документи до Владата
-
Меџити: Нема никаков скандал
-
Маркетите ќе бидат должни цените да ги објавуваат на интернет
-
Засилени полициски контроли
-
Младите би останале да живеат во Македонија, но треба да има подобри услови
-
Нови 35 проекти во Струмичкиот музеј
-
Преглед на вестите од светот