-->
-->
Обрван: Не бевме надиграни
-->
Македонија со пораз од 30:23 стартуваше на ЕП, а по пресот селекторот Ивица Обрван во разговор со македонските новинари се осврна на дуелот:
- Има многу вакви натпревари. Дадоа многу голови од позиција на пикер кога нашите едноставно се „одбиваа“, но тие се посилни во тие ситуации. Морам да бидам задоволен 55 минути, но не зборувам за последните пет минути. Сепак не одигравме цел натпревар на ниво. Во 52.минута беше 23:22 и загубиме седум. На крајот тоа не е реалниот однос . Во неколку моменти имавме и несреќа (Прибак статива, Георгиевски исто) може ќе беше и 3-4 разлика. Кузмановски почне без разлика што е дебитант за да ги намалиме измените да не бидат две веднаш на стартот. Имаше гол и добар шут и во одбрана беше добар. Мора уште многу вакви натпревари да одигра. Истото тоа важи за Талевски и Пешевски. Имаме 2-3 играчи кои малку повеќе се потрошија, но ќе се рехабилитираат во текот на утрешниот ден. Повторно ќе играме вака.
Македонија утре ќе тренира во попладневниот термин од 18:30 часот.
Од Краков,
Марјан Ников
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
На скопската брза помош и треба итна помош за вработувања
-
Џеј Ди Венс: Најголемата закана за Европа доаѓа од внатре
-
Тема на денот со Тоше Зафиров, политиколог
-
Таравари бара во пакет со симболите да се решат и етнички прашања, за ВМРО-ДПМНЕ на маса е само промената на грбот
-
Стартува Минхенската конференција - Ќе донесе ли трајно решение за руско-украинската војна?
-
Голем интерес од банките за кредитите преку Развојната банка
-
Прва средба на Муцунски - Георгиев утре во Минхен
-
Правда ја почна постапката за разрешување на Коцевски