Обраќање на кралицата: Приоритет Брегзит и Националната здравствена служба

Брегзит и Националната здравствена служба (НХС) се главните точки во програмата на Владата на Конзервативната партија, кои денеска без изнесени во говорот на кралицата Елизабета Втора.
Приоритет на Владата е излегување на Велика Британија од ЕУ на 31 јануари, како и зголемување на финансиските средства за НХС. Во говорот се потенцира дека средствата за финансирање на здравствените услуги ќе се зголемат за 33,9 милијарди фунти годишно до 2023/2024.

Говорот на кралицата, кој го пишува Владата, но монархот го чита од златниот престол во Домот на лордови, вклучува десетици закони кои администрацијата на премиерот Борис Џонсон ќе ги донесе следната година.
Од вкупно 30 предлог закони спомнати во обраќањето на кралицата, седум се во врска со Брегзит. Останатите се однесуваат на гаранции за дополнително финансирање на здравствените услуги и поголеми казни за насилниците.

Ново на Сител
-

Кривична пријава за поранешен директор на Здравствен дом Куманово кој го оштетил буџетот за над 21 милион денари
-

Тема на денот со Орце Ѓоргиевски, градоначалник на Скопје
-

Груби на распит во Обвинителство
-

Груби на распит во Обвинителство
-

Груби слушна за што го гони Обвинителството
-

Што се крие зад враќањето на Груби? Партиите си разменија обвинувања
-

Радев: Прво Бугари во Уставот па потоа преговори
-

Давитковски: Правосудниот испит законски се полага само на македонски јазик
