Македонија
1. November 2019 - 11:23

Обновена урбаната опрема околу Драмски театар

Општина Карпош ја санираше поголем дел од урбаната опрема (клупи и корпи за отпадоци) околу Драмски театар, во Карпош 2, а дополнително се поставени и нови клупи за седење.

Во претстојниот период, ќе бидат поставени и посебни корпи за отпушоци, а се предвидува и обнова на осветлувањето.

Во овој дел од Општината, ЈП „Паркови и зеленило“ ќе започне и со уредување на зеленилото, при што ќе се постави нова тревна површина и зеленило. Целосно ќе се облагороди јавниот простор и ќе прерасне во маалски парк за рекреација, информираат од Општина Карпош и апелираат на зголемена грижа за урбаната опрема и правилно фрлање на отпадот.