Обновена фискултурната сала во ООУ „Св. Климент Охридски“
Во Општинското основно училиште „Св. Климент Охридски“ во Драчево целосно е обновена училишната сала. Средствата ги обезбеди Општина Кисела Вода.
– Во изминатиот период течеа бројни градежни активности. Подот беше темелно реконструиран. Се постави нов буков паркет врз порамнителен слој, а потоа се изврши лакирање и обележување на спортскиот терен. По нивното израмнување, се изврши молерисување на ѕидовите во фискултурната сала и гардеробите. Беше изработен парапет со мрсна боја во висина од 210 см во фискултурна сала и 155 см во гардеробите. Се замени оштетениот дел од плафонот како и оштетените стакла на дел од прозорците. Потоа, радијаторите беа сервисирани со чистење и замена на вентилите, информираат од општина Кисела Вода.
Оттаму додаваат дека ова не се единствените градежни инвестиции на локалната самоуправа во насока на подобрување на условите во спортските училишни сали на територија на Општина Кисела Вода.
Претходно, нов подобрен лик и поголема функционалност доби и салата во ООУ “Кирил Пејчиновиќ”, додека во завршна фаза е изградбата на спортска сала во ООУ “Рајко Жизифов-симбол на кинеско-македонскотo пријателство” во населбата Драчево која се гради преку соработката со Амбасадата на Народна Република Кина.
Ново на Сител
-
Полицаец ги казнил за сообраќаен прекршок, па му упатиле закани по живот преку социјална мрежа
-
17-годишник од Скопје пробал да го убие својот татко со остар предмет
-
Стејт департмент: Во Северна Македониа се уште не се исполнети стандардите за елиминирање на трговијата со луѓе
-
Мицкоски: Формирањето многудетно семејство е највисок патриотски чин на еден народ за сопствената татковина
-
Стејт департмент: Водењето бизнис во Северна Македонија е генерално лесно, главен предизвик е корупцијата
-
Грејната сезона почнува на 15 октомври, но ќе почне од 1 октомври доколку температурата е еднаква или помала од 12 степени Целзиусови
-
Нагло заладување и обилен дожд, снег на планините од четврток
-
Шукова: Мојот план е Скопје без диви депонии