Облечете се топло, следува неверојатно студен бран
Времето до крајот на денот ќе биде претежно облачно и свежо со умерен а наместа и засилен ветер од северен и северозападен правец.
Во Македонија утре времето ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди, во југоисточните делови ќе има сончени периоди. Ќе дува умерен а долж Повардарието и во источните делови ветерот ќе се засилува од северен и северозападен правец.
Утринската температура ќе биде во интервал од 9 до 14, а највисоката дневна ќе достигне од 17 до 24 степени.
Во Скопје променливо облачно со кратки сончеви периоди и со умерен до засилен северен ветер.
Утринската температура ќе биде околу 11, а дневната ќе достигне до 21 степен.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ:
Во наредните денови во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди но, ќе биде релативно студено за овој период од годината.
До среда се очекува да дува умерен наместа засилен северен и северозападен ветер а од четврток ветерот ќе го промени правецот од југоисток, температурата на воздухот ќе има тенденција на постепен пораст. Од среда кон крајот на денот ќе има услови и за локален краткотраен дожд.
.
Ново на Сител
-
Минималната дневница во земјавата колку 1,5 час работа во Германија
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Брз електронски попис и една изборна единица
-
Муцунски: Софија е влезена во многу опасен наратив
-
Taблички во боја за службените возила
-
Дигитална лична карта, е-фактури, електронски барања за посебни истражни мерки
-
СДСМ алармира за ризична набавка во МВР