Облачно време со врнежи од дожд

Времето во Македонија во јужните делови ќе биде претежно облачно време со локални врнежи од снег, а во северните делови ќе има подолги сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Утринската температура ќе се движи од минус 19 до минус осум, а дневната од минус девет до минус три степени.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус 18, а дневната ќе се искачи до минус шест степени.
Во четврток утринските температури на повеќе места ќе бидат под минус 15 степени, а дневните ќе бележат тенденција на благ пораст.
Позначителен пораст на температурата ќе има од петок. Нов влажен бран ќе има од петок кон крајот на денот кога на повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег, а на пониските врнежи од дожд и снег. Пообилни врнежи ќе има во сабота кога во западните делови ќе се формира нова снежна покривка.
Ново на Сител
-

Радев победи на изборите во Бугарија, неизвесно формирање на стабилна влада
-

Со нови линии до повеќе туристи
-

Тема на денот со Владимир Владимиров, политички аналитичар
-

ИПР со регионално решение за кучињата скитници
-

Бугарија гласа: Уште еден обид за стабилна влада и подобри односи Скопје-Софија
-

Бугарите во Македонија гласаат без проблеми
-

Мицкоски очекува проевропски премиер во Бугарија
-

Власта задоволна - опозицијата бара нови мерки против кризата
