Облачно со повремени врнежи од дожд

Времето денеска во земјава ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни, особено во јужните делови каде што ќе имаат поројни. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе се движат во интервал од три до девет, а максималните од 10 до 16 степени
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно и релативно топло време со повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе се спуштат до седум, а максималните ќе достигнат до 15 степени.
До среда времето ќе биде променливо облачно и релативно топло со умерен ветер од јужен правец. Во среда кон крајот на денот и во четврток се очекуваат нови врнежи од дожд.
Ново на Сител
-

Случајот во ОУ “Киро Глигоров” е повик за помош да им се помогне на децата кои предизвикуваат заплашување и инциденти
-

Реакции по извештајот на Вајц за напредокот на Македонија
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Имер Селмани, поранешен вицепремиер
-

Силјановска го пречека Бегај во Скопје - интеграцијата на Балканот во ЕУ е гаранција за стабилноста на Унијата
-

Во ВРЕДИ обединети дека сакаат партија, но разединети за функциите
-

Груби и наредната недела ќе прави увид во доказите
-

Пропадна првата средба за Изборниот законик
