-->
-->
Облачно со повремен дожд, на планините слаб снег
-->

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.
На некои од повисоките планини врнежите ќе преминат во слаб снег.
Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Утринската температура ќе се движи од 1 до 10 степени, а дневната од 11 до 19 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд.
Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Утринската температура ќе достигне до 6 степени, а дневната до 16 степени.
Во деновите од викендот и во почетокот на новата седмица ќе преовладува сончево и стабилно време со променлива облачност во текот на денот, наведуваат од УХМР.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Брисел ѝ подава рака на Србија – Ќе го смени ли Белград курсот?
-

Тема на денот со Илија Димовски
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

Честитки за студентите, препукувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ
-

Бугарија избира претседател во втор круг
-

Дурмиши: Потрошувачката кошничка е намалена - ССМ: Не ни покажаа како пресметале
-

Собранието ја отфрли интерпелацијата за Божиновска
