Облачно со повремен дожд и слаб ветер

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен северен ветер. Попладне и во вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд. За кратко време се очекува да наврнат над 15 литри на метар квадратен. Минималната температура ќе биде во интервал од четири до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.
Како што информира УХМР, во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд и слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 16 степени.
До петок ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Во попладневните и вечерните часови локално ќе биде нестабилно, со пороен дожд и грмежи наместа во форма на краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд и засилен ветер. В сабота ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а в недела се очекуваат нови врнежи од дожд.
Ново на Сител
-

Над 19 илјади неважечки ливчиња во вториот круг за избор на градоначалници
-

Трамп: Орбан побара ослободување од санкциите за руската нафта, но Вашингтон го одби
-

Постaпкa прoтив чeтворицa осoмничени зa оргaнизирaњe бoрби сo кучињa во битолско сeлo Црнеец
-

Приведен скопјанец, со возило удрил 77-годишна жена и го напуштил местото на настанот
-

Во месец октомври 16.801 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 121 лице за безобзирно управување на возило
-

Четири жени избрани за градоначалнички на локалните избори 2025
-

Орце Ѓорѓиевски нов градоначалник на Скопје
-

Одбојкарките на Младост УГД ја забележаа третата победа, Работнички Скопје без проблеми против Вардар ЕМ
