Облачно со магла по котлините

Времето во Македонија денеска ќе биде умерено до значително облачно, наутро по котлините со појава на магла, особено долж Повардарието. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец, повеќе ќе биде изразен на повисоките места и на планините. Температурата ќе се движи од осум до 14 степени.
Во Скопје ќе биде умерено до значително облачно. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Температурата ќе достигне до осум степени.
До среда ќе се задржи стабилно и суво време со магла по котлините и со појава на умерена до значителна облачност. Ќе дува најчесто слаб јужен ветер. Дневните температури ќе бидат над просекот за овој период од годината, особено на повисоките места и на планините. По котлините и по речните долини, вклучувајќи ја и Скопската ќе има појава на магла и ниска облачност и таму дневната температура ќе остане пониска преку денот.
Од среда попладне во западните и јужните делови се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, но позначителна промена проследена со врнежи и северен ветер се очекува од петок преку денот.
Ново на Сител
-

Трамп објави видео од напаѓачот во хотелот
-

Предложен притвор за гостиварчанецот кој силуваше 14-годишно девојче
-

Чернобил - 40 години потоа: Катастрофата што го потресе светот
-

Трамп: Овој напад нема да ме одврати од војната во Иран
-

Напаѓачот од Вашингтон призна дека мета му биле американските политичари
-

Сончево со локална облачност
-

Трамп евакуиран по пукање на новинарска вечера во Вашингтон – едно лице повредено
-

Лажна била дојавата за бомба во „City Mall“
