Облачно и врнежливо, в среда потопло
Времето утре ќе биде претежно облачно и нестабилно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни, над 25 литри на метар квадратен и проследени со грмежи и силен ветер. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието и особено во југоисточните делови засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде помеѓу осум и 13, а дневната ќе достигне од 15 до 21 степен.
Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во Скопје слично време, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а ќе има и појава на грмежи. Ќе дува умерен, а повремено и засилен јужен ветер. Температурата ќе се движи од 10 до 19 степени.
И во понеделник ќе биде променливо облачно и нестабилно со локални врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни, проследени со грмежи, силен ветер, а ќе има и услови за појава на град. В понеделник кон крајот на денот и во вторник поради спуштање на студена воздушна маса ќе дува засилен северозападен ветер што ќе предизвика позначително опаѓање на температурите, па во вторник наутро ќе има услови за провејување на слаб снег на повисоките планини.
В среда утрото ќе биде студено, но преку денот ќе преовладува посончево и потопло време.
Ново на Сител
-
Можна смртна казна за убиецот на Чарли Кирк
-
ИДФ: Над 350 илјади Палестинци евакуирани од градот Газа
-
Луксембург најави признавање на палестинска држава
-
Пожар рано утрово во сервис за возила пред Пинтија
-
Меѓународна конференција за односите меѓу Западен Балкан и Кина
-
Зеленски упати барање до Трамп и предупредување до НАТО
-
Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи
-
Шест месеци од трагедијата во „Пулс“ – „Марш за Ангелите“ во Кочани