Облачно и студено со врнежи од дожд и снег
Времето денеска ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд и снег на пониските места, а на планините и повисоките места од снег.
Врнежите ќе бидат пообилни во западните и крајните источни делови каде на планините ќе се зголеми постојната снежната покривка, а помала снежна покривка ќе се формира и во некои од пониските места.
Ќе дува умерен до засилен јужен, а во текот на ноќта северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 2 до 7 степени.
Во Скопје облачно и студено со врнежи од дожд, а во повисоките делови од котлината попладне врнежите ќе преминат во снег. Ќе дува умерен југоисточен, а во текот на ноќта повремено засилен северен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 5 степени.
До четврток ќе се задржи променливо облачно, студено и ветровито време со локални врнежи претежно од снег, особено во среда. Ќе дува умерен, наместа засилен северен ветер до над 60км/ч. Потоа следува период на стабилно, суво и понатаму студено време.
Ново на Сител
-
ЛДП поднесува предлог-закон за една изборна единица и отворени листи
-
Филипче бара фокус на ЕУ агендата
-
ВМРО-ДПМНЕ за модуларните
-
Какви предности ќе донесат измените на Закон за царини?
-
Се подобрува здравствената состојба на дел од повредените во трагедијата во Кочани
-
По 51-ви пат во Долнени грмнаа тапаните, писнаа зурлите и кавалите, се одржува фестивалот „Пеце Атанасоски“
-
Во пораст бројот на деца со деформитети
-
Преглед на вестите од светот