Облачно и постудено
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и постудено. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има врнежи од дожд.
Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а максималната ќе достигне од 16 до 21 степен.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне 20 степени.
Под влијание на влажна воздушна маса од утре веќе следува период на претежно облачно време, преку денот значително посвежо, со врнежи од дожд со променлив интензитет. На места врнежите повремено ќе бидат пообилни со пороен карактер кога локално ќе наврнат и над 30 л/м2 за 24 часа, а ќе бидат проследени со повремено засилен ветер. Дневните температури од четврток насекаде ќе опаднат од 10 до 12 степени.
Ново на Сител
-

Избор на нови министри во Собранието
-

Одложена седницата на Судскиот совет
-

Мицкоски: Македонија ги повикува иселениците
-

Славески: Инфлацијата во 2025 околу 4%
-

СДСМ: Поради криминал имаме поскапа струја
-

Полицијата во Охрид со засилени контроли
-

Расте бројот на пациенти со покачен крвен притисок
-

Климатските промени го загрозуваат пчеларството
