Облачно и магловито, од попладне јужен ветер
Променливо облачно со сончеви периоди ќе биде времето денеска во Македонија. По одделни котлини ќе има магла.
Ќе дува слаб до умерен, а попладне и во ноќните часови засилен јужен ветер. Во крајните западни делови се очекува повремен слаб дожд.
Температурата ќе се движи од девет до 15 минути.
Во Скопје слично време со температура до девет степени.
Во сабота претпладне ќе дува засилен јужен ветер, а под влијание на нов влажен бран од попладне и ноќта кон недела ќе има врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните и источните делови. Во ноќните часови врнежите на планините ќе бидат од снег, а во недела врнежи од слаб снег ќе има на некои повисоки места. Од недела под влијание на северно воздушно струење, температурите значително ќе опаднат.
Ново на Сител
-
Кратери: Мобилизација, време е повторно да покажеме дека сме срцето на Силекс
-
Започнува грејната сезона, апел до граѓаните за навремена подготвеност
-
Седумнаест случаи на труење од штипска сендвичира, кај дел од нив изолирана салмонела
-
Драчево без вода
-
Му се заканиле дека ако не им даде 40.000 евра ќе го убијат, уапсени двајца Турци за изнуда | ФОТО
-
Трамп воведе царини за дрвена граѓа и дрвени производи
-
Без вода корисници од објектите на УКИМ
-
Арапски, муслимански и европски држави го поздравија планот на Трамп за Газа