Македонија
22. November 2022 - 10:52

Објавено ВИДЕО од демолирањето на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид

Бугарската телевизија „БТВ“ објави видео од инцидентот во кој масикрани лица го демолираат бугарскиот културен центар „Цар Борис Трети“ во Охрид. Може да се забележат три лица како го кршат клубот со тврди предмети.

Вчера на официјалната страница на Клубот Цар Борис III – Охрид на Фејсбук осамнаа фотографии од демолираниот објект.
Инцидентот се случил во 2 часот по полноќ. Искршени се стаклата на влезот на просториите.