Објавени наградените на конкурсот за 14. Интернационален стрип салон „Велес 2016“

Стрип центарот на Македонија со седиште во Велес ги објави имињата на наградените стрип автори по одржаниот интернационален стрип конкурс - дел од активностите од 14. Интернационален стрип салон „Велес 2016“, кој ќе се одржува од 14-ти до 16 октомври во Велес и на 17 октомври во Скопје.
Првото место го освои Срѓан Николиќ-Пека од Србија, за стрипот „Снеговите на Антарктик“, второ место за Навид Булбулија од Босна и Херцеговина за стрипот „Колекционер“ и за Лаурент Сиеурац и Николас Једрзејчак-Пес од Франција за стрипот „Encounters“, трето место за Ненад Пејчиќ и Игор Крстиќ од Србија за стрипот „Баку“ и за Наташа Коњевиќ Босна и Херцеговина и Александар Стеванов од Македонија за стрипот „Slamberlend“.
Специјална награда од организаторот и е доделена на Даница Јевдовиќ од Србија за стрипот „Тунел“, за најдобро сценарио е награден Марко Стојановиќ од Србија за стрипот „Селма/Вековници“, за најдобар автор до 18 години - Ивана Пенчова од Македонија, за најмлад учесник - Танасије Игњатовиќ од Србија, за највозрасен учесник - Миле Топуз од Македонија, за најдобар дебитантски стрип - Гордана Винчиќ и Игор Љубовчевски од Македонија за стрипот „Марифет за азно“. Специјална награда за уметнички израз му се доделува на Горан Угарчина од Србија за стрипот „Урбани стории“.
На свеченото отварање на 14. Интернационален стрип салон „Велес 2016“ ќе бидат доделени и плакети за соработка и масовно учество на стрип школите од Лесквац, Никшиќ и Белград
Организаторот соопшти дека е рекорден бројот на пријавени стрипови (254 од сите континенти). На минатото издание биле пристигнати 228.
Специјални гости годинава ќе бидат победникот на конкурсот Срѓан Николиќ-Пека и Горан Трајковиќ од Рашката школа на стрип, со која Македонскиот стрип центар воспостави постојана соработка.
Ново на Сител
-

Осумдесет и еден вработен во РЕК Битола со стомачни проблеми побарале лекарска помош, можно труење со храна
-

Во Србија приведен македонски камионџија кој усмртил пешак кај Грделица, а потоа избегал од местото на несреќата
-

Судење „Пулс“: Во општинскиот регистар дискотеката не постоела, уплатите за лиценца ги вршеле „Класик ДМ“ и „ММММ“
-

Уапсени седум лица за семејно насилство во последното деноноќие
-

МЕРМС: На 29 март 2026 започнува летното сметање на времето
-

Мицкоски: Во реализација се 17 странски инвестиции што треба да креираат 5.000 работни места
-

Земјотрес од 2,7 Рихтерови степени во Скопје
-

Во мај или јуни ќе се разговара за можни кадровски промени во Владата, најави Мицкоски
