Објавени десетте најпопуларни интернет страници за торенти
Ова се десетте интернет страници за торенти што имаат најмногу сообраќај од корисници, објавена на почетокот од 2015-та година, ретроспективно од Torrent Freak.
Со години првото место го држеше The Pirate Bay, но поради сите проблеми и тужби веќе не ја држи оваа позиција. The Pirate Bay е повторно онлајн од пред неколку дена.
1. KickassTorrents
Основан во 2009-та година, KickassTorrents изминатата година беше најпосетуваната интернет страница за торенти. За цело ова време, напорите за соборување на сајтот предизвика менување на неколку домени, а последен е сомалискиот Кickass.so, кој токму денеска отиде офлајн. (Обновено: Kickass е достапен настариот домен.)
2. Torrentz
Torrentz е еден од лидерите меѓу овие страници неколку години наназад. За разликата од другите, на овој сајт нема хостирано торенти, туку истиот редиректира кон други интернет страници. Има повеќе домени, а најпопуларниот е Torrentz.eu
3. ExtraTorrent
ExtraTorrent со годините добиваше сè поголема посетеност и денес е еден од најпосетуваните во активната торент заедница.
4. The Pirate Bay
The Pirate Bay минатата година беше на првото место на ваквата листа. Поради проблемите со затворање на серверите, како и апсењето на двајца од тројцата основачи, оваа интернет страница не работеше, а во меѓувреме имаше клонови на истата како OldPiratebay.org. Од 1. февруари The Pirate Bay е повторно онлајн.
5. YTS
YTS познат по групата „пирати“ YIFY, денес е еден од најпознатите брендови во ова поле. Иако пробаа да ја исклучат, интернет страницата сè уште функционира и постојано се шири.
6. ЕZTV
ЕZTV го носи името на истоимената пиратска група, што специјализира за телевизиски торенти. Иако објавуваат само неколку торенти неделно, оваа интернет страница сепак привлекува милиони корисници.
7. RARBG
RARBG, што започна како бугарски торент тракер, од лани до сега стана еден од најпосетуваните торент сајтови во светот.
8. Isohunt.to
Isohunt.to беше лансиран во 2013-та, две недели откако isoHunt.com беше затворен. Го основаа истите луѓе што стојат зад Oldpiratebay.org, кој е еден од најпопуларните денес.
9. 1337X
Оваа интернет страница започна како сајт воден од торент заедницата. Целта им беше „да ја исполнат потребната празнина од интернет страница за торенти без реклами“.
10. Limetorrents.cc
Limetorrents.cc постои веќе неколку години, а летово беше во медиумите кога LionsGate покрена тужба, поради снимка од филмот „The Expendables 3“. Судскиот случај сè уште трае, а страницата продолжува со работата.
Ново на Сител
-
Две лица во Струга предизвикале пожар на градската депонија
-
Починат 55-годишен скопјанец однесен во ГОБ „8 Септември“, телото на обдукција
-
Обид за убиство во струшко - приведени две лица
-
Вулкан на Камчатка еруптира за прв пат по 600 години
-
Германски градови планираат да примат деца од Газа и Израел
-
Јубилеј на младите: Повеќе од еден милион луѓе на миса во Рим
-
Албанија: Од 2021 година странците купиле имот во вредност од 1,3 милијарди евра
-
Австралија доживеа најголеми снежни врнежи во последните децении