Објавена снимка од надзорна камера, Арсовска прва нападнала, а полицијата веднаш реагирала | ВИДЕО

Попладнево е објавенс снимка од надзорна камера, од која се гледа дека градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска прва започнува со напад при денешната обиколка на дивоградби во Општина Чаир.
Таа, со клоци удира маж кој потоа и возвраќа со напад. Во заднина се слуша женски глас како зборува на висок тон. Од снимата јасно се гледа дека полицијата веднаш реагира и го приведува мажот.
Таа нападот не го пријавила во МВР, туку после инцидентот се упатила кон Градската општа болница „8 Септември“ каде денеска била примена во Ургентниот центар.
Арсовска денеска обвини дека пред очи на полицајци напаѓачот ја удирал со клоци и оти упатил закани кон неа и нејзиното семејство.
За нападот врз градоналаничката на Град Скопје Данела Арсовска, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски попладнево во Тема на денот на телевизија Сител рече дека физички контакт имало, но дека е лага и повторен обид за манипулација на јавноста тоа дека нападот се случил пред очите на полицијата.
Ново на Сител
-

Се удави 20 годишно момче во Охридското Езеро
-

Поштата во Струмица доби шест нови возила
-

Земјоделски експерти - битката за здрава храна почнува од нивата
-

Преглед на вестите од светот
-

Ниту еден од деветмината обвинети полицајци за Пулс не се чувствува виновен
-

Една одлука спасува 8 човечки животи – органодонорството како најголема светилка во животот
-

Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар
-

Запалени дипломатски возила пред Бугарската амбасада
