-->
-->
Објавена „Покрај бреговите на Охридското Езеро“ на Нушиќ
-->

Во издание на „Везилка 2011“ излезе од печат книгата на знаменитиот српски писател Бранислав Нушиќ „Покрај бреговите на Охридското Езеро“ чиешто прво издание е публикувано во Белград во далечната 1892 година. Ова издание на македонски јазик го преведе писателот Ристо Лазаров.
Станува збор за раритетна книга, со повеќе белешки со кое се опишува Охридското Езеро и околината. Во предговорот кон книгата самиот Нушиќ наведува дека најмногу се служел со советите и упатствата на Стојан Новаковиќ и Љубо Ковачевиќ, во тоа време академици.
Бранислав Нушиќ шест пати патувал по охридското крајбрежје и напишал книга записи која содржи драгоцени документи за животот во Охрид и охридско во тоа време, за разликите на Македонците од другите балкански народи, за етнографските и културно-историските вогатства на овој крај.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Приведени 15 возачи за безобѕирно управување возило, сите возеле без возачка и меѓу нив тројца малолетници
-

Се реализираат активности за враќање на редот и достоинството на главниот град - велат од Град Скопје
-

Ризик фактори кои му претходат на речиси секој срцев и мозочен удар
-

17-годишник од Карбинци тешко се повредил при пад од коњ
-

Серена и Венус Вилијамс ќе играат двојки на Вимблдон
-

Трамп: Русија треба да се согласи на договор со Украина
-

Кремљ: Путин не доби официјална покана да присуствува на преговори на Самитот на Г7
-

Бебе оставено на клупа во парк во Шуто Оризари
