-->
-->
Објавен трејлерот за новата сезона на „Американската хорор приказна“
-->

На стартот на новата сезона на телевизиската серија „Американска хорор приказна“, објавен е најавниот трејлер во кој се појавува и популарната пејачка Лејди Гага, која во исто време изгледа и застрашувачки и гламурозно.
Премиерата на „Американската хорор приказна: Хотел“ е најавена за 7 октомври, а Лејди Гага во неа игра лик наречен „Грофица“.
Во новиот трејлер Лејди Гага во само 30-тина секунади менува неколку костими, додека во позадина оди песната „Du Hast“ на познатата група „Рамштајн“.
Приказната во оваа серија говори за детективот Џон Лоуи, кого го толкува Вес Бентли. Тој истражува серија ужасни убиства во Лос Анџелес, при што доказите го водат до хотелот „Кортез“, со кој раководи „Грофицата“ (Лејди Гага).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Трајановски, потпретседател на СДСМ
-

Марш на ангелите во Кочани
-

31 конгрес на СДСМ
-

Судии и обвинители пријавени за државен јавен обвинител, огласот истекува во понеделник
-

Последни проверки за „Безбеден град“
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ против безбедноста
-

Се подготвува извештајот кој треба да биде доставен до УНЕСКО
-

Протест за чист воздух во Струмица
