Објавен составот на новата грчка влада
Министерот за надворешни работи од претходната Влада на Алексис Ципрас, Никос Коѕиас повторно е назначен за шеф на грчката дипломатија.
Портпаролката на грчката влада Олга Геровасили, која исто така останува на својата позиција, синоќа го објави составот на новата влада која денеска ќе положи заклетва во претседателската палата.
Ципрас во новиот кабинет не направи големи промени на клучните позиции како што се министрите за финансии и економија, кои се од клучно значење за спроведувањето на договорот за третата финансиска помош.
Иако грчките медиуми вчера јавуваа дека Еуклид Цакалотос се двоуми дали да ја прифати функцијата министер за финансии, тој сепак повторно ќе раководи со овој ресор, а Јоргос Статакис се враќа како министер за економија.
Некои од министерствата се реконструирани, со поделба и префрлање на одговорностите. Така, оваа грчка влада има пет министерства кои се различни од претходниот кабинет. Тоа се Министерството за образование, истражување и религија, за бродски превоз и островска политика, за економија, развој и туризам, за инфраструктура, транспорт и мрежи и за животна средина и енергија.
Ново на Сител
-
ОЈО бара притвор за таткото на играч на „Шкупи“ што физички нападна двајца младински фудбалери на „Брегалница“
-
Приведен 51-годишник од Охрид, испраќал недолични пораки и фотографии на 17-годишна девојка
-
На ГП „Табановце“ се чека 30 минути
-
Приведени пет дилери од скопје кај кои била пронајдена бела прашкаста материја и марихуана
-
ЦУК: Регистрирани седум пожари на отворен простор, два сè уште активни
-
Поскапуваат горивата
-
Приведен маж од Скопје, возел со 2,90 промили алкохол во крвта
-
Сител Телевизија вработува водителка на временска прогноза