Објавен разговор Кичеец-Дака, бизнисменот се лути што платил 300.000 а работата не му е завршена од Рашкоски и Заев
Нова аудио бомба е објавена на каналот Раце Лепливи. Во неа според пишувањата на дел од порталите се слуша разговор на Зоран Милевски Кичеец со црногорскиот бизнисмен Миодраг Давидовиќ Дака.
Кичеец во разговорот вели дека е пратен од Заев и инсистира да го однесе бизнисменот на нова средба со премиерот и генералниот секретар на Владата Рашковски. Дака одбива и тврди дека веќе дал 300 илјади и 2000 квадрати, а работата која му била ветена не е завршена.
- Не сакам да одам кај Заев за да платам повторно за да го плати референдумот, вели Дака во разговорот.
Миодраг Дака Давидовиќ е црногорски тајкун врз кого беше извршен обид за атентат во декември минатата година.
Сопственик е на семејната компанија Нексан основана во 92-ра година која се занимава со градежништво главно на станови и апартмани. Самиот Дака обидот за атентат го поврза со својата поддршка за црногорската опозиција.
Ново на Сител
-

Конституиран советот на Град Скопје
-

Скопје добива и градски воз
-

Директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието, Илија Стоилев се уште во полициска станица
-

Бројот на пациенти со карцином на простата во постојан пораст
-

Започна генералното чистење на Скопје
-

Тема на денот со Илија Димовски, поранешен пратеник
-

Ѓорѓиевски ја презеде функцијата, најави целосна реорганизација
-

Рокас му го презентираше извештајот на Мицкоски
