Објавен нов конкурс за пилоти во АРМ

Министерството за одбрана денеска го објави новиот конкурс за пилоти во Армијата на Република Македонија.
Како што се наведува во соопштението на Министерството за одбрана, селекцијата на кандидати за пилоти се состои од низа тестирања и проверки на здравствената и физичката подготвеност, компјутерски тестирања и вежби специјално прилагодени за професијата пилот, за на крај способноста на кандидатот да се потврди во 10 летови на авионот ZLIN-242L.
Кандидатите кои успешно ќе ги завршат сите селективни тестови се здобиваат со статус на кадети и отпочнуваат со школувањето за воен пилот.
Центарот за обука на пилоти е еден од најсофистицираните центри од овој тип во светски рамки. Центарот поседува два full-motion симулатори на хеликоптерите Ми-8/17 и Ми-24, единствени од овој тип во поширокиот регион.
Заинтересираните кандидати можат да се запознаат со Конкурсот на интернет страницата на Министерството www.morm.gov.mk и на Воената академија www.ma.edu.mk.
Ново на Сител
-

Тема на денот со г. Георгиј, митрополит Дебарско-кичевски
-

Гориво со попуст за граѓаните се извезувало во странство?!
-

Грција привремено го суспендираше системот ЕЕС
-

Уште 3.000 граѓани заминале за Грција
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања кој ја блокира ЕУ агендата
-

СДСМ бара истрага за унгарскиот кредит
-

Нападот врз синагогата во Скопје бил внимателно планиран
-

Лекари од Македонија кои работат во странство преку телемедицина ќе лекуваат пациенти во земјава
