Објавен конкурсот за Град на културата во 2017 година

Министерството за култура го објави Конкурсот за финансирање на проектот „Град на културата" во 2017 година, кој ќе трае до 19 декември 2016 година. На Конкурсот може да учествуваат градовите во Република Македонија, а пријавувањето се врши со доставување пополнета пријава која треба да се преземе од веб–локацијата на Министерствотo за култура (www.kultura.gov.mk) и да се пополни електронски со впишување податоци на означеното место.
Кон пријавата задолжително треба да се приложи прецизна фестивалска програма со препознатлива културна и историска традиција и краток осврт на проектите кои се составен дел од програмата.
При разгледувањето на пријавените програми, предност ќе имаат: програми што содржат проекти кои ја афирмираат културата и промовираат врвни културни вредности кај младата популација; програми кои афирмираат домашно творештво и домашни автори и програми кои презентираат творештво со стилска и жанровска разновидност и кои подразбираат соработка со врвни уметници, соопшти Министерството за култура.
Оваа манифестација која веќе 13 години со поддршка на Министерството за култура се случува во градовите во нашата држава има огромни придобивки за збогатувањето на културната понуда во нашата земја, таа има силно влијание врз заживувањето на културата на локално ниво и создавањето услови за развој на културниот туризам како фактор на социјалниот и на економскиот развој на општините во Република Македонија.
Досега домаќини на ова случување беа Радовиш, Битола, Прилеп, Куманово, Штип, Велес, Кавадарци, Гевгелија, Кочани, Крива Паланка, Крушево, минатата година беше Велес, а годинава Дојран е актуелен носител на титулата „Град на културата“.
Ново на Сител
-

Кривична пријава против осум лица од Виница и виничко за кривични дела во врска со бесправна сеча и транспорт на огревно дрво
-

МВР: Лишен од слобода скопјанец поради кражба на бакарни кабли во вредност од 200 000 евра
-

Во Чешка разбиена криминална група која шверцувала кокаин во торти
-

Физичка пресметка помеѓу пратениците во Парламентот на Турција
-

Во ГОБ „8-ми Септември“ повторно работи неврохируршката служба, оперирани двајца пациенти
-

Алиу на онлајн-состанок со странски експерти за кардиохируршки интервенции - процесот го водиме за независен стручен увид на состојбата
-

Словенечки вештак сведочи за несоодветни терапии во случајот „Онкологија“, судењето продолжува утре
-

Обезбедување украло бакарни кабли вредни 200.000 евра од градилиште во Центар
